• ДОБРЕДОЈДОВТЕ
  • НИЕ СМЕ АРКОПЛАН
    Професионализам, квалитет, доследност

ЗА НАС

АРКОПЛАН ДОО е основана во 2003 г. како меѓународна компанија со бугарско-грчки капитал. Фирмата се темели на претходното долгогодишно искуство на грчкиот партнер во фирмата во областа на дизајнот и градежништвото со реализација на голем број проекти во Грција.

Како резултат на тоа, АРКОПЛАН за кратко време успева солидно да се позиционира на бугарскиот пазар, успешно комплетирајќи голем број проекти насекаде низ Бугарија.

Во 2013 година во Скопје се основа фирмата Arkoplan Construction DOOEL, која започнува со успешна реализација на проекти од областа на градежништвото.

Во 2014 година е регистрирана и почна со работа фирмата Arkoplan Construction EPE, со седиште во Атина, Република Грција.

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ

Нашата цел е да проектираме и изведуваме објекти со висок квалитет во најкраток можен рок. Доброто познавање на современите градежни технологии и материјали ни овозможува да предложуваме ефективни решенија кои ќе овозможат функционалност на долги рокови.

КВАЛИТЕТ

Квалитетот има првостепено значење во целокупната дејност на компанијата. Затоа имаме имплементирано систем за управување со квалитетот согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и BS OHSAS 18001:2007. Покрај тоа, работиме согласно сите локални регулативи и законски норми.

ДОСЛЕДНОСТ

Посветени сме на задоволување секакви барања од клиентите и пазарот каде што делуваме и се стремиме кон постојано подобрување и усовршување во сите области на нашата работа. Развиваме и одржуваме долгорочни партнерства базирани на доверба, а нашите клиенти секогаш можат да сметаат на исполнување на нивните барања во зададените рокови, стандарди и финансиски рамки.

  • IF YOU WANT TO TELL PEOPLE THE TRUTH, MAKE THEM LAUGH, OTHERWISE THEY'LL KILL YOU.

    - Massimo Vignelli -

АКТИВНОСТИ

ПРОЕКТИРАЊЕ

Вршиме проектирање во сите областите на: архитектура, механика и електрика, внатрешен дизајн и 3Д Анимации. Изработуваме секаков вид технички спецификации и надзор во имплементацијата на нашите проекти.

Вршиме усогласување на проектната документација со барањата на регулаторите за добивање на потребните градежни дозволи.

Вршиме инвестициска контрола и надзор во имплементацијата на различни проекти.

ГРАДЕЖНИШТВО

Преземаме извршување на нови градежни објекти, реконструкција на постоечки административни, деловни, трговски и приватни проекти (канцеларии, комерцијални и индустриски објекти) на сите пазари каде што сме присутни. Нашите експерти се искусни професионалци и располагаат со најсовремената техника и опрема.

ТЕХНИЧКА ПОДРШКА

Нудиме можност за извршување редовно или периодично техничко одржување на објекти на сите пазари каде што сме присутни со висок квалитет, рок и прецизност во извршувањето. Горди сме на можноста да понудиме комплексна услуга и конкурентни цени.

КОНСУЛТАНТСКА ДЕЈНОСТ

Нудиме проект-мониторинг и technical due diligence, изготвувајќи редовни евалуациски извештаи за нарачателите. Нашето долгогодишно искуство во градежништвото, акумулираното техничко знаење, како и доброто познавање на правилата и регулативите на сите пазари каде што работиме секаде нè прават посакуван партнер за соработка со понуда на ценовно-ефективна услуга.

    • telenor
    • nurts
    • stopanska banka
    • ibank
    • obb
    • starbucks
    • piraeus
    • hm
    • marks
    • exalco
    • sibank
    • ruba
    • ddb
    • germanos
    • sm
    • eurobank
    • yamaha
    • alphabank
    • globul
    • Greece
    • Planet club Sofia
    • heamimont
    • targovska banka viktoria
    • TiBiI Bank
    • DSK Bank
    • national bank of greece

Контактираjте со нас

Адреса

Blvd.Ilinden 47/1-2 1000 Skopje, R.Macedonia

Телефон

+ 389 2 3 118 825

Email

arkoplan@abv.bg